Француската Влада одобри инсталирање на општинските совети избрани во првиот круг од изборите на 15 март

Во првиот круг на општинските избори, кои се одржаа на 15 март, само на два дена пред донесувањето на мерките за изолација, од 35.000 општини,  во 30.000 беа избрани општинските совети. Поради мерките за изолација, новоизбраните совети, кои треба да го изберат и градоначалникот, се уште не се имаат состанато. По советите на Научниот совет, Владата даде зелено светло за нивната инсталација, јави дописникот на МИА од Париз.

Француската влада смета дека сегашните одредби за вонредни состојби во здравството „ќе овозможат спроведување на препораките на Научниот совет”, кои се однесуваат на почитување строги санитарни услови.

Од околу 35.000 општини во Франција, во 30.000 општински совети беа избрани уште во првиот круг на 15 март. Но, со изолацијата од 17 март не можеше да се случи нивната инсталација и изборот на градоначалник.

За општините каде е неопходен втор круг, Владата допрва треба да одлучи, врз основа на извештајот што ќе биде доставен на 23 мај, односно дали вториот круг на изборите ќе се одржи на 21 јуни или ќе биде дополнително одложен, наесен или во 2021 година. Општинските совети не се избрани во речиси сите поголеми француски градови, каде политичката битка е многу поостра.

Треба да знаете
Последни објави