ВМРО-ДПМНЕ: Лицитацијата со датуми за избори значи лицитација со загубени човечки животи, Заев да се однесува сериозно

Во исто време кога Заев лицитираше со датуми за избори фрлени од ракав, кажа дека здравјето на граѓаните е најважно.

Лицитирањето со датуми значи лицитирање со изгубени човечки животи поради корона вирусот. Заев е неискрен и сака по цена на здравјето на граѓаните да има избори по секоја цена затоа што  така се надева и бори за помал пораз.

Ниту една од работите која ја соопшти во изјавата нема правна издржаност и си ги толкува работите погрешно од аспект како што него му одговара.

Со што Заев покажа дека се однесува незрело и несериозно. Единствено позитивно е што се прифати планот на Мицкоски во 4 точки со кој се гарантира заштита на здравјето на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави