Врховниот суд на САД на рочиште што траеше три часа ги сослуша аргументите на правни советници од Претсавничкиот дом на американскиот Конгрес и обвинители од Њујорк, за пристап до парични и даночни информации на претседателот Доналд Трамп.
Судот одлучи да донесе пресуда во јули. Се работи за увид во информациии за кои претседателот и негови правни застапници укажуваа свои аргументи дека се законски заштитени.
Одлуката на врховните судии може да биде таа, или дека финансиските работи на Трамп не се легитимен предмет за истрага.
Некои од судиите пак, изразија и трето мислење, дека судот може да го врати предметот на пониска инстанца за повторно разгледување но со мноу построги стандарди.
Весникот Њујорк тајмс посочи дека во таков случај, тоа може посредно да влијае во одложување на конечната пресуда после претседателските избори закажани за ноември годинава.
Според Џеј Секулоу, адвокат на Трамп, претседателот е заштитен од секакви криминални истраги се додека е на таа функција.