Санкциите наметнати на Крим мора да бидат целосно укинати, а меѓународните односи со Кримскиот регион мора да бидат обновени, рече пратеникот на Бундестагот, Валдемар Херт, во интервју, пренесува „Спутник“.
„Пандемијата го трансформира светот и целиот систем на меѓународни односи. Мора да создадеме простор за безбедност, каде што нема да има место за санкции. Ние работиме на укинување на санкциите против Русија и Крим“, рече Херт.
Според пратеникот, треба да се отстранат сите идеолошки бариери што ги попречуваат и блокираат меѓународните односи на Крим.
„Денес веќе на сите им е очигледно дека овие санкции се незначителни и непотребни. Ние ќе сториме сé за да ги тргнеме овие санкции за заеднички да ги надминеме сите тешкотии“, истакна политичарот од „Алтернатива за Германија“.
Крим се обедини со Русија во 2014 година по референдумот на полуостровот. Иако западните земји и Киев не го признаа новиот статус на Крим и ја обвинија Москва за мешање во внатрешните работи на Украина, Москва ги негира сите тврдења за мешање и тврди дека референдумот е спроведен во согласност со меѓународното право.



