Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со МВР, Царинската управа и ЈП за државни патишта, го организираше и реализираше приемот на опремата – 10000 заштитни маски, од медицинските резерви (rescEU Stockpiling medical resources) на Европската Унија. Помошта беше доставена од страна на претставници на Генералниот инспекторат за вонредни ситуации при МВР на Романија, како одговор на нашето барање до Европскиот Механизам за цивилна заштита, за справување со КОВИД-19.
На примопредавањето на помошта присуствуваа г-дин Аднан Џафероски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување и Н.Е. г-дин Виорел Станила, амбасадор на Романија во Северна Македонија.