Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба изјави дека се исцрпени сите можности за да се свика Собранието.
Ги разгледале опциите кога ќе имаме избори ако се прогласи или не се прогласи повторно вонредна состојба. Заев рече дека нема поважна работа од здравјето на граѓаните.
„Сите се согласивме дека ќе мора да живееме со коронавирусот, затоа што ниту во светот, ниту во Европа, ниту во Северна Македонија никој не може да каже кога ќе заврши коронавирусот“, вели Заев.
Лидерот на СДСМ рече дека барале барем да се утврди потенцијален датум за избори.Заев нагласи дека масовни митинзи нема да има. Според него, есента е ризична за одржување на избори.
Кажа дека опозицијата денеска не била подготвена да зборува за датуми.