Заев: Сите раговори се предадени во СЈО

Почитта кон мојот народ секој ден е изразена во пракса, истакна денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со последните разговори објавени јавно на кои наводно се слуша неговиот глас.

– Јас му служев на овој народ, имав чест 2,5 години како претседател на Владата, мал период како пратеник во нашиот македонски Парламент, 12 години како градоначалник. Македонскиот народ ја давал поддршката секогаш заради тоа што знае колку Заев го почитува својот народ и не само тоа, колку е подготвен да работи паметно за да обезбеди погрес и перспективи за својот народ. И тоа е така и никако поинаку, рече Заев.

Запрашан за снимките од прислушуваните телефонските разговори за ДУИ односно нивниот лидер Али Ахмети, Заев рече дека селектирани разговори биле преведувани и објавени, но потенцираше дека сите разговори што СДСМ ги поседувал ги дал исклучиво само на СЈО.

-Прво, преведувањето на разговорите од албански на македонски, после селекцијата којашто ја правев за објавување, беа преведувани во СДСМ од членови и активисти на СДСМ и токму тоа беше претходниот чекор за да можат да се објават разговори за ДУИ. Но уште еднаш самото тоа потврдува дека се веќе селектирани разговори кои одат во подготовка во прес-центарот со самото преведување заради јавно и транспаретно објавување, што уште еднаш само потврдува дека сите разговори што СДСМ ги поседувал ги дал и исклучиво и само исклучиво на Специјалното јавно обвинителство, рече Заев, по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави