Извршниот директор на англиската фудбалска Премиер лига, Ричард Мастерс зборуваше за договорите на играчите со клубовите. Тој рече дека фудбалерите имаат право ги продолжат договорите кои истекуваат во јуни, до вистинскиот крај на сезоната, прекинати во март заради пандемијата на коронавирус.
Претходно беше најавено дека првенството на Англија може да продолжи на 12 или 13 јуни.
– Одлучивме да сториме сé што е можно, за екипите да ја завршат сезоната во истите ростери како пред суспензијата на првенството. Се согласивме дека играчите можат да ги продолжат договорите што истекуваат на 30 јуни до крајот на сезоната, но за тоа е потребен меѓусебен договор, соопшти Мастерс.
Одлуката за обновување треба да се донесе најдоцна до 23 јуни.