Иран привремено ги отвора џамиите

Сите џамии во Иран би требало привремено да бидат отворени во рамки на владиниот план за ублажување на мерките за ограничување воведени поради епидемијата на коронавирус.

Џамиите ќе се отворат на три дена поради одбележувањето на светиот месец Рамазан и за сега не е јасно дали потоа ќе останат отворени.

Од џамиите се бара да се придржуваат до строгиот здравствен протокол.

Иранскиот врховен лидер, ајаталахот Хамнеи вчера ги повика властите да водат грижа за потребата на луѓето од молитва за време на овој критичен момент.

Минатата недела беа отворени џамиите во повеќе од 160 градови и места кои спаѓаат во подрачја со низок ризик од зараза, откако поади епидемијата беа затворени речиси два месеци.

Иран има 109.286 заболени и 6.685 смртни случаи од коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави