,,Опозицијата е таа што треба да се залага изборите да продолжат, а не како што се гледа според реакциите Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да бегаат од избори” рече вечерва Снежана Калеска Ванчева од СДСМ во гостувањето во „Само Вистина“
-Паничната реакција е на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а не како што тие велат на Зоран Заев. Ако се погледнат реакциите од страна на Мицкоски во последните 20 дена сите тие одат во правец дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од избори. Но она што е чудно е дека во принцип во една ваква ситуација опозицијата е таа која што би требало уште повеќе да се залага да изборите продолжат бидејќи да не заборавиме ние не треба да утврдуваме повторно и да усвојуваме дека ќе имаме избори, туку да продолжиме со изборниот процес таму каде што застанавме.
Во моментот кога ќе се створат услови да тие продолжат согласно законот и сите препораки што ќе ги каже комисијата за заразни болести, а нормално е дека избори не би можеле да се одржат доколку не ни биде потврдено учеството на ОБСЕ и ОДИХР. Од таму јас навистина не можам да разберам како може да после една ваква лидерска средба да се излезе со едно соопштение дека Заев имал панична реакција. Не тоа не е панична реакција. Заев и СДСМ се само одговорни и не сакаме да ја пропуштиме шансата, кога можеме да ги продолжиме изборите да дојдеме до она што значи конституирање на Собрание и да избегнеме политичка и уставна криза и да може да имаме политичка влада.
Нас не очекуваат месеци во кој ние не можеме да предвидиме на есен што не очекува бидејќи тоа го говорат сите епидемиолози и стручни лица дека на есен со настапување на сезоната на грип да пандемијата со Ковид-19 повторно да земе замав, истакна Калеска Ванчева.