Актерот Марк Волберг, за кој се вели дека има 270 милиони американски долари на својата банкарска сметка, е критикуван затоа што барал финансиска помош од државата за да ги исплати работниците.
Холивудскиот актер и неговите браќа водат ресторан во Лондон, кој мораше да се затвори поради пандемијата на коронавирусот. Поради тоа, тој мораше да ги испрати работниците на присилно отсуство.
За да исплати 30 работници, Волберг побарал финансиска помош од државата, но британската јавност негодуваше поради тоа.
„Одлуката на Марк самиот да не ги исплати вработените предизвика чудење, особено кога се има предвид колку пари има. Персоналот се прашуваше дали тој ќе помогне во исплатата на нивните плати, но тоа не се случи“, изјави пријател на Волберг за „Сан“.
Истиот соговорник наведува дека Волберг наводно планирал да отвори уште 10 ресторани во Велика Британија, но дека се откажал од тоа поради пандемијата на коронавирусот.