Мицкоски: Одбивам да бидам премиер, ако цената е загубен човечки живот

По лидерската средба која траеше повеќе од два часа, која се одржа во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, партиските челници, како и Пендаровски дадоа изјави за медиумите.

Мицкоски започна со фактот дека ако еден човечки загубен живот е цената со којашто треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните избори, а јас да го добијам следниот премиертки мандат, тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура.

-Така ја почнавме лидерската средба, дека не е важен изборниот процец, не се важни изборите, туку здравјето на граѓаните. Имајќи предвид како се одвиваше дискусијата, предложивме план како да дојдеме до кредибилен процес,а  сепак здравјето на грашаните да  не биде загрозени, граѓаните да не бидат изложени на ковид-19, а со тоа да ги заштитиме човечките животи, а воедно да избереме фер и кредибилен процес- рече Мицкоски.

Ако  се водиме од ставот дека здравјето на граѓаните е најважно, рече Мицкоски, тогаш треба да се консултираме со Комисијата за заразни болести и никој од нас не треба да го проблематизира нивното мислење во наскока на тоа дали и какви мерки треба да се спроведат.

На лидерската средба главна тема беа предвремените парламентарни избори, односно датумот за одржување на истите, кои беа одложени поради кризата со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави