Париското Обвинителство отворило истрага против поранешниот француски претседател Валери Жисар Дестен (94) под обвинение за сексуална злоупотреба на германска новинрка.
Според обвинителството, истрагата против Дестен е отворена врз основа на тврдењата на новинарка на германскиот весник „Зидојче Цајтунг” дека поранешниот француски претседател сексуално ја нападнал за време на интервју во 2018 година.
Според германскиот весник и парискиот „Монд”, новинарката тврди дека Дестен за време на интервјуто три пати ја фатил зазадникот и дека таа се бранела обидувајќи се да му ја отргне раката.
Германската телевизија Ве-Де-Ер, за која новинарката го подготвила интервјуто, претходно објави дека за овој инцидент се спроведува истрага.
Адвокатот на Дестен изјави дека неговиот клиент „не се сеќава” на инцидентот за кој новинарката го обвинува.
Дестен беше претседател на Франција од 1974 до 1981 година.