Во пожар што изби во болница во Санкт Петербург, изгореа петмина пациенти со коронавирус во одделот за интензивна нега, пренесe „Раша тудеј“.
Според информациите, причина за пожарот бил краток спој во еден од вентилаторите.
150 лица се евакуирани од болницата, соопшти Министерството за вонредни состојби во земјата. Не е јасно колку лица се повредени.
Русија сега е трета земја во светот според бројот на заразени случаи.
Рускиот претседател Владимир Путин објави олеснување на ограничувањата, во моменти кога земјата објави рекорден дневен пораст од 11656 случаи. Градежништвото, земјоделството и работниците во фабриките се враќаат на работа низ целата земја.
Во Москва, маските и ракавиците се задолжителни во јавниот превоз и во продавниците.