На 11.05.2020 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(43) од Скопје, излетало од коловозот и се превртело.
По незгодата, возачот и сопатникот Г.С.(41) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде на Г.С. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на И.С. телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.