Во моментот кога ќе престане вонредната состојба, треба да продолжат да течат роковите за изборните дејствија, смета премиерот Оливер Спасовски.
Тој на денешната прес-конференција во Владата потсети дека на лидерската средба се разговарало и биле понудени конкретни датуми во однос на одржувањето на изборите, меѓутоа одлучено е на политичко ниво разговорите да продолжат наредната недела, притоа да се обезбедат одредени информации.
-Што се однесува до уредбата или правниот механизам за изборите, таа е сосема јасна. Ние немавме друга правна можност за одложување на изборите, освен преку таа уредба да се стават во мирување сите изборни рокови. Тоа значи во моментот кога престанува вонредната состојба продолжуваат да течат роковите за изборните дејствија, рече премиерот во одговор на прашање.
Спасовски потсети дека Државната изборна комисија е должна врз основа на пропишаните рокови во законот да ги спроведе изборите, и за тоа постојат рокови точно дефинирани како и на кој начин тоа се прави.
-Државната изборна комисија е институција која спроведува изборни дејствија врз основа на одлуките кои ги носат инситуцииите на системот. Тоа е Собранието и оние кои се надлежни за одржување на изборите. ДИК е должна врз основа на пропишаните рокови во законот да ги спроведе изборите, и за тоа постојат рокови точно дефинирани како и на кој начин тоа се прави, рече Спасовски.
Додаде дека е јасно врз основа на уредбата донесена од Владата, дека ако за време на вонредната состојба се стопираат роковите, треба да се има предвид уставната норма, а тоа е дека изборите мора да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието.
-Сосема е јасно врз основа на уредбата донесена од Влада, дека ако за време на вонредната состојба се стопираат роковите, треба да се има во предвид уставната норма дека изборите мора да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието, така да роковите кои поминале до вонредна состојба и имаме вонредна состојба каде што се стопирани сите рокови, со престанување на вонредната состојба продолжуваат да течат и роковите понатаму и се одржуваат изборите се со цел да нема можност за кршење на Уставот, рече Спасовски