АСОМ: Со одлуката на Владата, спортските обложувалници започнуваат со работа

Со одлуката на Владата, спортските обложувалници започнуваат со работа

Илијевски: Се враќаме на работа целосно подготвени според протоколите за заштита

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, известува дека согласно одлуката на 51-та седница на Владата на РСМ, од денес се дозволува отворање на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница со ограничување во однос на начинот на работа и почитување на протоколите за превземање на превентивни мерки во услови на епидемија од COVID-19. Уплатно-исплатните места на спортските обложувалници членки на АСОМ ќе бидат отворени за уплата и исплата на играчите од 13 мај 2020 година, засега со работно време од 09:00 до 18:00 часот секој ден.

„Ја поздравуваме одлуката на Владата за ублажување на рестрикциите за работењето на спортските обложувалници со оглед на тоа што како деловни субјекти бевме целосно затворени речиси два месеци и претрпевме големи финансиски загуби. Но, и покрај тоа, ниту една членка на АСОМ не отпушти вработени. Се враќаме на работа целосно подготвени според протоколите за заштита, зошто здравјето на нашите вработени и нашите играчи е наш највисок приоритет. Апелирам до сите играчи и вработени целосно да ги почитуваат пропишаните правила и протоколи за лична заштита.“ – потенцира Васко Илијевски, Претседател на АСОМ.

Спортските обложувалници веќе ги започнаа активностите за да ги поготват уплатно-исплатните места согласно препораките за заштита од ширење на Ковид-19. Сите членки на АСОМ се обврзуваат задолжително и во целост да ги почитуваат протоколите за заштита на уплатно-исплатните места пропишани од Комисијата за заразни болести: користење на заштитна опрема- маски и ракавици од страна на сите вработени, да го прилагодат просторот на начин така што на масите поставени на уплатно исплатните места да има само по две столчиња, да осигураат во уплатно-исплатните места да влегуваат играчи само со заштитна опрема на лице, на шалтер да биде присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата, да имаат средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата, задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и столици, на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција, редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на дезинфекциони средства.

Дополнително АСОМ известува и апелира до своите играчите дека при посета на спортска обложувалница мора да ги почитуваат следните правила: задолжително носење на лична заштитна опрема за лице при влез во спортските обложувалници, да одржуваат физичко растојание од 2 метри во уплатното место, на шалтер да биде присутен само по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата и да ги користат за дезинфекција на раце средствата за дезинфекција кои ќе бидат поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата.

Во оваа фаза на отворање на уплатно-исплатните места на спортските обложувалници шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалаци.

Спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на Ковид-19 беа целосно затворени од 15 март 2020 година. Членките на АСОМ, и покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање, немаа отпуштања и ги задржаа сите свои вработени. Спортските обложувалници директно вработуваат 4.000 лица и како деловни субјекти имаат значаен придонес во државната и локалната економија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави