Поп-кралицата Мадона (61) неодамна изјави дека тестовите покажале дека е позитивна на антитела на коронавирусот, што значи дека била изложена на вирусот, но не е имуна на инфекцијата во иднина. Сепак, тоа не ја спречи само неколку дена потоа да се забавува на роденденската забава на нејзиниот пријател Стивен Клајн (55) и да ги гушка присутните. На забавата никој не носел заштитна маска или нараквици, ниту пак некој понел средство за дезинфекција.
Неодамна пејачката повторно ги шокираше своите следбеници. Таа ги сподели со нив информациите дека мора да оди на терапија, поради неподнослива болка откако имала операција на коленото. Таа рече дека чекала долго време на термин и патем објави две фотографии во провокативно издание.

„Конечно одам на терапија. Би скокала нагоре-надолу од среќа, да можев по осум месеци болка. Посакајте ми среќа“, напиша таа. Притоа го стави својот задник во преден план, што е чудно затоа што минатата година многумина ја нападнаа дека била да и вградат импланти.

На нејзините настапи беше забележливо дека нејзиниот задник ја сменил формата, па некои беа згрозени затоа што ставила „вештачки задник“. На фотографијата сега се гледа дека задникот и е поголем, но со необичен облик.
Пејачката никогаш не ги потврди коментарите за „освежувањето“ на нејзиниот задник, затоа што не обрнува внимание на нив, како што истакна во неколку наврати.



