Мила Јовович: Дедо ми се бореше во редовите на југословенските партизани

Актерката Мила Јовович (44) на социјалните мрежи објави фотографии од своите предци кои учествувале во Втората светска војна и истакна дека во нејзиното семејство има многу војници.

Таа објави фотографија од баба ѝ Татјана Попови, која била медицинска сестра во првата борбена линија кога имала само 16 години.

„До нејзиниот 18. роденден таа маршираше низ неискажливи ужаси до Берлин. Ова се нејзините медали и документи што ги чуваше мајка ми“, напиша Мила.

Таа се присети и на својот дедо Богдан Јовович.

„Мојот дедо од таткова страна се бореше во редовите на југословенските партизани. Може да се каже дека потекнувам од семејство на борци, војници и револуционери и се гордеам на моето наследство и на неверојатните луѓе од кои потекнувам“, рече Мила.

Актерката тврди дека денес на светот му требаат повеќе луѓе како нејзините предци.

Мила е родена во Киев, иако мајка ѝ е од Москва, а татко ѝ е од Црна Гора. Актерката подоцна се пресели во Велика Британија, а потоа и во Америка.

Треба да знаете
Последни објави