Палестински тинејџер убиен во судир со израелски војници

Петнаесетгодишен Палестинец загина во судир со израелски војници недалеку од Хеброн на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Еден тинејџер e застрелан во главата, а четворица Палестинци се повредени, соопшти Министерството. Портпаролот на израелската војска соопшти дека извештајот се разгледува.

Очевидци изјавија дека израелските војници влегле во бегалскиот камп Фавар, во близина на Хеброн, скриени во автобус. Тие биле откриени од Палестинците, по што настанал хаос, а војниците, наводно, пукале.

А за време на операцијата на северот на окупираниот Западен Брег е убиен израелски  војник.

21-годишен војник, припадник на единицата Голанит, се здобил со смртоносни повреди кога голем камен го погодил во главата, изјави воениот портпарол Џонатан Конрикус.

Инцидентот се случил за време на рацијата во палестинското село Јабеду, недалеку од градот Џенин.

Израелските сили трагаат по напаѓачот.

Треба да знаете
Последни објави