Полска затворена за странците до средината на јуни

Полска ќе ги продолжи строгите гранични контроли до 12 јуни поради пандемијата на коронавирус, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Земјата ги затвори своите граници за странците во март за да го спречи ширењето на коронавирусот и ја продолжува мерката веќе четири пати.

Полските граѓани, дипломати, странци кои живеат во Полска и странски возачи можат да влезат во Полска.

Иако нејзините граници се затворени, Полска ги олабавува другите мерки. Отвори трговски центри, хотели, игралишта на отворено и градинки.

Од владата се очекува да го објави укинувањето на ограничувањата за училиштата, рестораните и фризерските салони во среда.

Полска надмина 17.000 заразени и има 847 смртни случаи. Земјата деновиве забележа големо зголемување на бројот на новозаболени лица, претежно рудари.

Треба да знаете
Последни објави