СДСМ најостро и целосно ги демантира објавените невистини од Бранко Геровски, тоа се тенденциозни лажни вести

СДСМ најостро и целосно ги демантира објавените невистини од Бранко Геровски во текстот со наслов „Бара ли Заев ЕУ да помогне Мицкоски да се „изолира” и на неговото место да дојде човек кој ќе биде спаринг-партнер во изборниот ринг?”, објавен на порталот Плусинфо.
Сите наводи во текстот се целосна измислица, класична лажна вест со тенденција да се шири преку мрежите на куририте и да го дезинформира населението.
Објавата на овие невистини е надвор од основните новинарски стандарди за професионално новинарство, за кои знаеме дека новинарот е многу добро запознаен.
Очигледно свесно, пласирани се непроверени информации, без да се праша другата страна што наведува на јасен заклучок за политичката и партиска позадина на оваа објава.
Застапувањето на политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ не смее да бидат врз грбот на граѓаните кои заслужуваат точни и вистинити информации и ништо помалку, ниту пак на штета на професионалното и објективно новинарство.
Ја разбираме паниката во ВМРО-ДПМНЕ и стравот од избори, од нормализација, од нова силна економија, но ваквата црна пропаганда нема да ги спаси од поразот туку само ќе ги потсети граѓаните на едно друго режимско време.

 

Треба да знаете
Последни објави