Автобус изгоре на стојалиштето под Железничка станица

Приватен автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје.

Автобусоит го гасат десттина пожаникари со две возила. Командирот на пожарникарската чета Борче Менковски за МИА изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.

Нема повредени лица. Според првичните сознанија, причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот.

Треба да знаете
Последни објави