На 11.05.2020 во 18.00 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во село Саса лишен е од слобода О.Н.(24) од Алжир.
Тој е осомничен дека украл автомобил „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, кое во СВР Куманово истиот ден било пријавено за одземено.
Алжирецот е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а одземеното возило е вратено на сопственикот.