Музичарот Брајан Адамс е прогласен за расист бидејќи на „Твитер“ ги обвини алчните гадови од мокрите пазари што јадат лилјаци за ширење на коронавирусот.
Канадскиот музичар кога ги видел коментарите, го избришал спорниот твит. Истата порака ја ставил и на „Инстаграм“.
Причината за неговиот гнев е фактот дека тој требаше да ја продолжи турнејата вчера, но поради сегашните околности, не можеше.
„Требаше да продолжам со концерти денес, но поради алчните копилиња од мокрите пазари што јадеа лилјаци, целиот свет е на чекање, а да не ги спомнувам илјадниците што заболеа и починаа од вирусот“, напиша тој.
Тој го промовира веганизмот, начинот на живеење на кој се посвети.
„Мојата порака до нив, освен благодарам, е – станете вегани“, додаде тој.
„По оваа глупост, се радувам што вашата турнеја беше откажана“, му напиша еден корисник на „Твитер“.
„Не можам да бидам ваш обожавател по ова. Тоа е расизам, човеку“, додаде друг.