Убавото време и продолжениот полициски час скопјани го користат за прошетки во Градскиот парк.
Така беше и денеска, па освен млади, во паркот имаше и цели семејства кои не одат на работа и времето го поминуваат надвор од своите домови.
Поради топлото време почна сезоната на пливање на отворено, па неколку млади скопјани пливаа во едно од езерцата во паркот.