ВМРО-ДПМНЕ: Здравјето на граѓаните не смее да биде цена за СДСМ да го намали изборниот пораз

Лажните вести од страната на СДСМ се пуштени на најјако. СДСМ знаат дека ја немаат довербата кај граѓаните и ќе изгубат на изборите кога и тие да се одржат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Кога и да се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, а тоа го потврдуваат и последните анкети. За ВМРО-ДПМНЕ најважно е пред се здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ не сака да победи на парламентарни избори, а тоа да се плати со човечки живот.
СДСМ и Заев сакаат по цена на граѓаните да се изборат за помал пораз. 3 години Заев, три години Хибриден режим. Три години неспособност, криминал и сиромаштија. За сето ова тој ќе биде казнет од граѓаните“, пишува во соопштението, реакција на соопштението на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави