ВМРО-ДПМНЕ: 25,8 проценти од граѓаните го загубиле или познаваат некој што го загубил своето работно место

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференција на Богданка Кузеска

 

СДСМ и натаму преку штури соопштенија и прес конференции се фали со своите политики, додека македонските граѓани не знаат како ќе го поминат месецот.

Првичните анкети велат дека околу 100 илјади наши сограѓани добиле привремен отказ или останале без работа. Илјадници наши сограѓани се оставени на улица, а Владата на СДСМ упорно ги прикрива вистинските бројки на наши сограѓани погодени од кризата.

Најновите истражувања на јавното мислење велат дека 25,8 проценти од граѓаните во Република Македонија го изгубиле или познаваат некој кој го загубил своето работно место привремено или трајно.

Ваквите бројки се доволен доказ дека Владата на СДСМ не се справува со економските последици од пандемијата на коронавирусот, а дека жртви на неспособноста на власта се граѓаните.

Непобитен факт е дека од земјите во регионот и Европа, Македонија со најмалку средства го помага стопанството. Додека Србија му помага на стопанството со високи 11 проценти од БДП, Бугарија со 9,9% од БДП, Грција со 5%, Хрватска и Босна со околу 3% од БДП, поддршката од македонската Влада изнесува мизерни 1,2% од бруто домашниот производ.

 

Треба да знаете
Последни објави