Вработена во лондонската железница починала од Ковид-19 откако заразен човек ја плукнал в лице

Една 47-годишна вработена во лондонската железница починала неколку недели откако човек кој тврдел дека е заразен со коронавирус ја плукнал и кашлал кон неа додека работела на железничка станица во Лондон, пренесува „Брејтбарт“.

На 22 март, Бели Муџинга, вработена во билетарницата, била нападната заедно со својата колешка од страна на еден маж додека биле на должност во станицата „Викторија“ во Лондон. Двете жени добиле симптоми на коронавирус неколку дена по нападот.

Опишувајќи го грозоморниот напад, нејзиниот сопруг Лусамба Годе Каталај изјави за ИТВ:

„Човекот ја праша што прави, зошто е таму, а таа му рекла дека работи. Човекот им кажал дека е заразен со вирусот и ги плукнал. Тие го пријавиле кај нивниот претпоставен. Бели се врати дома и ми раскажа сè. “

Муџинга била хоспитализирана на 2 април и ставена на респиратор, но починала три дена подоцна. Нејзиниот сопруг изјавил дека таа имала хронични проблеми со респираторниот систем пред да се зарази со вирусот и операција четири години претходно. Каталеј последен пат ја видел сопругата денот кога била хоспитализирана.

Британската полиција соопшти дека отвориле кривична истрага за инцидентот.

Синдкатот, пак, покрена прашање зошто Муџинга воопшто работел на железничката станица со нејзините здравствени проблеми и посочи дека размислуваат да преземат правни дејства и за ова прашање.

„Како ранлива личност во ризична категорија и со нејзината здравствена состојба која му била позната на нејзиниот работодавец, постојат прашања зошто таа не била повлечена од првите редови во оваа пандемија. Наместо да зборуваме за олеснување на изолацијата, владата најпрво мора да преземе соодветни мерки на претпазливост и заштита за да не бидат загубени повеќе животи “, вели Мануел Кортес од ТСАА.

Коментирајќи го трагичниот напад, портпаролот на премиерот Борис Џонсон рече:

„Одвратно е клучен работник да биде нападнат на овој начин додека и служи на јавноста“.

Треба да знаете
Последни објави