одговорно управување, со строго следење на препораките и ограничувањата и со помош на медицинските сестри и лекари, невладини организации и многу други лица кои се ангажирани за обезбедување и снабдување со храна, лекови и други потребни производи, ја добивме битката со коронавирусот, изјави градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука. Тој нагласи дека од 13 април во Дебар нема ниту еден позитивен случај на коронавирус.
„Дисциплината, одговорноста и истрајноста се причините на нашиот успех во борбата против короната, но исто така и особено масовното и стратешкото тестирање. Како што рече вчера Али Ахмети, ние сме во војна со невидлив непријател. Дозволете ми да додадам дека тестирањето е единствениот начин да се претвори овој непријател во видлив и успешно да се бориме против него. Да, успешно го истеравме вирусот од Дебар и од целата земја и се чини дека го надминавме пикот. Сега е време да најдеме начин да се вратиме во нормалност. Сега сите зборуваат за укинување на ограничувањата, за повторното започнување на економијата и нашите социјални животи.
Кафулињата, баровите, рестораните и трговските центри ќе бидат повторно отворени наскоро, чекор по чекор се враќаме на нашата социјална рутина. Сето ова е важно и неопходно и јас како и секој граѓанин во оваа земја сум многу среќен за тоа. Но, исто така, не е време за еуфорија, не е време за брзање. Кризата и опасноста сè уште не се завршени. Треба да бидеме внимателни и одговорни, мора да ги следиме хигиенските препораки, треба да го задржиме социјалното дистанцирање до разумно ниво и ќе мора да измислиме нови, помеки мерки за замена на силните ограничувањата.
Треба да се зголеми бројот на тестови уште повеќе, и тоа веднаш. Бројот на тестови е најефикасниот начин за изолирање на пациентите и спречување на проширувањето. Исто така, треба да имаме сериозна стратегија за тестирање, по успешните модели од европските земји. Тоа значи дека не треба да ги тестираме само граѓаните со симптоми и лицата кои биле во контакт со заразените лица за да ги изолираме навреме и така да ги заштитиме останатите.
Целното тестирање, како што соопшти Министерството за здравство, е прв важен чекор. Но, исто така, треба редовно да тестираме репрезентативен примерок од населението, за да добиеме јасна слика за развојот на состојбата. И ни требаат периодични примероци од фабриките и другите места, каде што многу луѓе работат заедно, смета Дука.