Благодарение на информираноста на граѓаните, благодарение на вас медиумските работници, можеме да кажеме дека успешно се справуваме со пандемијата со коронавирусот, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој вечерва имаше гостување во Телевизија Телма.
-Сите треба да разберат дека никој не се брза да оди на избори, најпрво го гледаме здравјето на граѓаните, да нема никој заболен, па тогаш да се разговара за избори, но во услови кога нашата земја нема Парламент, здравје за граѓаните е и функционален Пармален, затоа час поскоро треба да се оранизираат избори- рече Заев.
Тој напомена дека во текот на летото, на високите температури е незамисливо да се оди со маски на гласање.
-Границите ќе бидат отворени, нашинците ќе си дојдат, но не се знае колку ќе се вратат годинава, но постои можност за нови пикови и во летото, есента веќе се отвораат училиштата, ќе доаѓаат новите вирози. Сега е моментот да излеземе да гласаме, затоа што потенцијанот на најмалку заразени е сега- рече Заев.