Индиец jа избркал сопругата од дома откако му родила трета ќерка

Индијка која по трет пат родила девојче била напуштена од нејзиниот сопруг во болницата во индиската држава Одиша, пренесува „Спутник“.

Чаитанја Беинсал нестрипливо чекал пред породилната сала во една локална болница, каде што неговата сопруга требало да го донесе на свет нивното трето дете. „Но, неговата возбуда наскоро се претворила во разочарување, кога медицинските сестри му рекле дека има ќерка“, вели Хрушикеш Мишра, член на Комитетот за развој на болниците во Дарамхар, Одиша.

Набргу потоа, Беинсал ги напуштил сопругата и новороденчето во болницата. Жената морала сама да замине од болницата, откако видела дека нема никој од нејзиното семејство за да и помогне. Таа морала пеш да се врати дома.

Сопругот, во меѓувреме, ѝ забранил да влезе во куќата со новороденчето, трето девојче во семејството. Таа била принудена да ја помине ноќта пред куќата со своето бебе и покрај опасноста од пандемијата на коронавирус.

Дури откако медиумите и луѓето од соседните села се собрале пред куќата следниот ден, таткото ги пуштил внатре жената и нивната ќерка, плашејќи се од реперкусии.

Во повеќето делови на Индија, жените се соочуваат со притисок да раѓаат машко дете заради претпочитањето синови и поради финансискиот товар за одгледување девојче. Иако селективните абортуси врз основа на полот се нелегални во Индија, женските фетуси се уште се убиваат или откако ќе се родат, ги напуштаат на улиците.

Според пописот во 2011 година, за секои 1.000 мажи во Индија има само 943 жени. Соодносот на полови ја принуди владата да започне кампања „Зачувај ги ќерките, едуцирајте ги ќерките“.

Над 12 милиони женски фетуси се абортирани во Индија, покажува студијата на медицинскиот журнал „Лансет“ и најмалку 2.000 девојчиња се убиени секој ден во земјата, според министерот за жени и развој на деца.

Треба да знаете
Последни објави