Австралиската регулаторна агенција ја казни подружницата на американската „исцелителна црква“ со 150.000 американски долари за промовирање и продажба на индустриско белило како „чудотворен лек“ против „ковид-19“.
Австралиската подружница на црквата „Џенезис II“, чиј лидер Марк Гренон се залагаше за употреба на ММС (чудотворен минерален додаток) како лек за новиот коронавирус, е казнета за продажба на производи што претставуваат сериозен ризик по здравјето, соопшти австралиската Канцеларија за терапевтски производи (ТГА).
Според британскиот „Гардијан“, Гренон му пишал на Доналд Трамп неколку дена пред американскиот претседател да започне да тврди дека може да се користат средства за дезинфекција за лекување на ковид-19.
TГA ја казни австралиската подружница на црквата за нелегално рекламирање и продажба на ММС на својата веб-страница.
Црквата тврди дека хлор диоксидот, индустриско средства за дезинфекција кое се продава под името ММС е „чудотворен лек“ за „ковид 19“, како и за аутизам, акни, карцином, дијабетес и други болести.
TГA објави дека е загрижена поради негативните здравствени ефекти во случај на консумирање на ММС. Агенцијата истакна дека нема научни докази за ефективноста на ММС, кој може да предизвика гадење, повраќање, дијареја и дехидрација, што во некои случаи може да бара хоспитализација.



