Конкурс на „Македонија презент” за објавување дебитантско книжевно дело

Во рамки на проектот „Млади македонски писатели” кој го реализира Фондацијата и издавачка куќа „Македонија презент” со поддршка од Агенцијата за млади и спорт, распишан е Конкурс за објавување дебитантско книжевно дело во едицијата Прва книга.

Авторите не треба да се постари од 30 години и досега да немаат објавено своја прва книга. Може да се учествува со необјавена книга: поезија, проза, критики, есеи, драма. Ракописот треба да не биде поголем од 64 страници А-5 формат.

Може да се учествува само со еден ракопис потпишан со име и презиме, адреса, телефон и мејл. Заедно со ракописот треба да се прати и кратка биографија и фотографија од авторот кои, доколку биде избран ракописот, ќе бидат објавени заедно со книгата.

Рокот за праќање на ракописите е 31 мај 2020 година. Ракописите треба да се пратат на мејлот: info@macedoniapresent.mk

Селекторот ќе избере еден ракопис кој ќе биде објавен до 1 август годинава. Наградата е објавување на дебитантското книжевно дело во едицијата Прва книга.

Треба да знаете
Последни објави