Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика Германците да не го загрозат тоа што досега го постигнаа на планот на забавување на заразата со коронавирус, со својата желба и брзањето што побрзо да се вратат во нормала.
„Коронавирусот останува опасност за секој од нас“ порача таа зборувајќи пред долниот дом на германскиот парламент.
Германците уште некое време ќе живеат со коронавирусот со оглед дека се уште не постои лек или вакцина, нагласи Меркел.
„Би било обесхрабрувачки ако мораме да се вратиме на рестрикциите кои сакаме да ги оставиме зад себе“ предупредила германската канцеларка.
Таа им порача на Германците да се вратат во канцелариите, училиштата, кафулињата и спортските клубови, да држат физичка дистанца и да ги почитуваат хигиенските мерки. Тогаш ќе има можност за заздравување на економијата и да се спасат работните места, а луѓето ќе бидат заштитени, додала таа.
Претходно министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, најави од сабота целосно отворање на германските граници.
Продавниците, училиштата и фабриките почнаа со работа, а оваа недела ќе бидат отврени и некои од границите. На сила и натаму остануваат мерките за физичка достанца од 1,5 метри во јавниот простор како и носење на заштитни маски за лице во јавниот превоз и во продавниците.
Германија има 171.306 потврдени случаи на коронавирус, објави инситутот Роберт Кох, а починале 7.634 луѓе.