Моторџија се судрил со трактор кај Боговиње, настрадаа возачи на мотори во Прилеп и Кочани

На 12.05.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на локалниот пат села Жеровјане- Боговиње, кај сточниот пазар за Боговиње, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“, управуван од Н.Н.(57) од Боговиње и мотоцикл „јамаха“, управуван од Ф.Р.(32) од Боговиње.

Во незгодата, мотоциклистот и сопатникот С.Р.(32) од Боговиње биле пренесени во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа СВР Тетово.

На 11.05.2020 во 18.30 часот било пријавено дека на улица Битолска во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(46) од Прилеп и мопед „томос“, без регистарски ознаки, управуван од М.П.(56) од Прилеп.

По незгодата М.П. бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 12.05.2020 во 19.55 часот на улицата Др.Николиќ во Кочани, Д.К.(34) од Кочани, управувајќи мотоцикл „бургман“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата Д.К. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Кочани.

Треба да знаете
Последни објави