Настрадаа двајца градежници во Скопје

Двајца работници ангажирани на изградба на објекти во Скопје, вчера биле повредени при работа, информираше МВР.

На 12.05.2020 во 12.28 часот било пријавено дека на ул.„Димо Хаџи Димов“, при работа на објект во изградба, паднал и се повредил И.К.(48) од с.Средно Коњари, скопско.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Втората несреќа се случила околу 12.30 часот на булеварот Трета македонска бригада.

-М.Ј.(56) од с.Гиновци, кривопаланечко, додека работел на објект во изградба паднал и се повредил. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави