Националниот сојуз на глуви и наглуви обезбеди заштитни маски за членовите на здруженијата со поддршка на МТС

– Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија (НСГНРСМ) обезбеди голема количина на заштитни маски за повеќекратна употреба за глувите и наглуви лица во државата.

Од НСГНРСМ информират дека сите маски се со испечатено лого на сојузот, со цел маските да ги употребуваат само лицата за кои се наменети, а тоа се глувите и наглуви лица во државата.

– Маските се набавени со средствата од редовните дотации на Министерството за труд и социјална политика за Националниот сојуз на глуви и наглуви. Во тек е распределбата на заштитните маски низ осумнаесетте здруженија на глуви и наглуви кои ги има во повеќе градови во Република Северна Македонија. Првичната количина од 1.200 маски ќе се распредели на глуви и наглуви лица со пониски месечни примања на кои набавката на заштитната опрема би им преставувала дополнителна потешкотија, соопштуваат од Националниот сојуз.

Оттаму посочуваат дека за членовите на здруженијата набавени се и средства за дезинфекција на раце, како и средства за дезинфекција на просториите на Здруженијата на глуви и наглуви.

Националниот сојуз на глуви и наглуви најавував дека и во наредниот период во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе презема активности за заштита на здравјето на глувите и наглуви лица.

Треба да знаете
Последни објави