Ница ќе потроши 80 милиони евра за трансфери

Сопственикот на Ница, Џим Ратклиф и неговата компанија „ИНЕОС” ќе издвојат 80 милиони евра за летни трансфери, објави „РМЦ”. Претходно, спортскиот директор на клубот, Жулиен Фурние, истакна дека клубот нема да купува скапи играчи.

За потсетување, францускиот фудбалски клуб одлучи да не ги откупи правата на Риза Дурмиси, Муса Ваџ и Адам Унас, кои играа за „орлите” оваа сезона на позајмица. Дефанзивецот Маланг Сар, кој го завршува договорот, исто така, ќе го напушти тимот.

Треба да знаете
Последни објави