Шампионатот во Серија „А” ќе се врати на 13 јуни, официјално објави италијанската фудбалска лига.
Од следниот понеделник тимовите ќе можат да тренираат, бидејќи во моментов се дозволени само индивидуални вежби.
Како што е веќе познато, беше одобрен здравствениот протокол, според кој при дијагностицирање дури и на еден фудбалер со коронавирус, сите други негови соиграчи ќе бидат должни да останат во карантин за период од две недели.
Рестартирањето на шпанското првенство е планирано за истиот викенд кон средината на јуни.