Шпанската полиција во Мадрид го привела поранешниот колумбиски фудбалски репрезентативец и член на Реал Мадрид, Едвин Конго поради трговија со дрога. Покрај поранешниот фудбалер во акцијата се приведени уште девет лица. Конго (43 г.) по информативниот разговор во полицијата е пуштен.
Колумбиецот во Реал пристигна во 1999 година, но не се избори за место во првиот тим. Одигра неколку пријателски натпревари за „кралскиот“ тим, по што беше беше испратен на позајмица во Ваљадолид и Виторија Гимараеш, по што беше продаден ан Леванте за кого одигра 112 натпревари и постигна 21 гол. Во својата кариера настапуваше и за Спортинг Хихон и Рекреативо.
За колумбиската репрезентација одигра 17 натпревари и постигна три гола.