Починат гостиварец донесен во тетовската болница

Починат гостиварец бил донесен вчера во тетовската болница, информираше МВР.

Не е познато дали станува збор за насилна смрт.

-На 12.05.2020 во 22.47 часот во СВР Тетово, лекар од Ургентен центар Гостивар пријавил дека кај нив бил донесен починат М.М.(32) од Гостивар, велат од МВР.

Увид на местото извршиле полициски службеници и Јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција.

 

Треба да знаете
Последни објави