Убиецот на претепаната тетовка лажел во полиција дека ѝ се слошило

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Р.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство во вршење семејно насилство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

На 10.05.2020 околу 03.30 часот во својот дом на ул.„Перо Наков“ пријавениот физички ја нападнал М.К.(30) и ѝ нанел повреди од кои настанал трауматски шок, по што починала.

Двајцата живееле заедно во неофицијализиран брак.

После тоа пријавениот пријавил во полиција дека на оштетената ѝ се слошило и дека паднала во бессознание. По извршената обдукција, Ф.Р. бил приведен во полициска станица.

Треба да знаете
Последни објави