ФИФА годинава нема да ги додели наградите „The Best” за најистакнатите личности од светот на фудбалот, пренесе „Марка”.
Церемонијата за доделување на наградите за најдобри поединци требаше да се одржи во септември во Милано, но тоа нема да се случи поради пандемијата од коронавирус.
Така, никој нема да ја добие наградата за Најдобар играч на светот во селекцијата на ФИФА за 2020 година.
ФИФА продолжи да ги спроведува мерките, како што истакна претседателот Џани Инфантино, а со пандемијата ќе се справува со најголема претпазливост.
Светското првенство за жени до 20 години, и под 17 години, веќе е откажано, тие се преместени за февруари следната година, како и Светското првенство во футсал, кое исто така е преместено за 2021 година.
Единственото натпреварување кое ФИФА не го „чепна” беше Светското клупско првенство, што ќе се одржи во Абу Даби во декември.
Што се однесува до другите поединечни награди, „Франс Фудбал” сè уште не одлучил што да прави за церемонијата за доделување на наградата „Златна топка”, која се одржува секоја година од 1956 година.
УЕФА треба да ги распредели наградите на крајот на август, кога, како по правило, се одржува ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, но сето тоа може да се премести.
Што се однесува до „Златната копачка”, таа не е во надлежност на ФИФА, но и овие награди се под знак прашалник, затоа што прекинати се некои првенства, како што е Француската Лига 1, па многу играчи нема да имаат можност да ги подобрат своите перформанси.