Хавзиу: Вчера две повреди на работно место со тешки телесни повреди

Државниот инспекторат за труд постапува по два случаи со повреди на работно место што се случиле вчера и утврдува дали се почитувани мерките за заштита при работа, како и правата на работниците.

Директорот на Државен инспекторат за труд Аљадин Хавзиу, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, дали градилиште во Скопје каде вчера паднал градежен работник имало соодветни мери за заштита рече дека инспектор за труд излегол на терен и се уште работи на утврдување на фактите.

– За жал, вчера имаше два вакви настана. Две повреди на работно место со тешки телесни повреди. Едната од нив е и овој случај. По пријава на Министерството за внатрешни работи кое прво оди на увид Државниот инспектор за труд бил на лице место и утврдувал факти, рече Хавзиу и најави дека до утре ќе имаат информација дали работникот бил пријавен и дали фирмата има соодветни мерки за заштита при работа.

Статистиката што ја презентираше денеска Инспекцискиот совет покажува дека Државниот инспекторат од 4 до 11 мај реализирал 819 надзори, при што донел 11 решенија и 389 укажувања на работодавачи кои не постапиле согласно препораките на Владата за почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави