Црвена Звезда иницира формирање регионална лига

Генералниот директор на  Црвена Звезда, во опширно интервју за српските медиуми, објасни зошто на неговиот клуб, но и останатите од регионот ќе имаат голема помош од регионално натпреварување.

„Звезда има проблем што е клуб со буџет од 20, 30 милиони евра и не може да биде конкурентна на клубови кои имаат 50 милиони за трошење па и повеќе. Нам, а и на Партизан ни одговара регионално натпреварување со најдобрите екипи од Бугарија и Романија, да речеме со кои сме на квалитативно слично рамниште“, вели Терзиќ кој ја отфрла идејата во таа лига да влезат и хрватските клубови, затоа што вели дека тоа не би заживеало како идеја.

Од друга страна пак, Терзиќ е пријател на македонскиот фудбал, има добри конекции со нашите фудбалски работници и на пример Вардар не би имал никаков проблем да се најде на таа листа на клубови кои ќе се најдат во таа регионална лига.

Треба да знаете
Последни објави