Владиката будимљанско-никшички Јоаникие и уште седум свештени лица од Српската православна цркава кои синоќа беа приведени на информативен разговор во полициска станица во својство на граѓани поради модржувањето на литија во Никшиќ, рано утрово беа изведени пред државен обвинител кој им одредил ,притвор од 72 часа, пренесуваат српските медиуми.
-Нив на товар им се става кривично дело непостапување според здравствените прописи во борбата против заразната болест, бидејќи спротивно на наредбите од Министерството за здравје ја прекршиле забраната за собирање на јавно место и организирање верски обред-литија по улиците на Никшиќ, на кој пшрисуствувале поголем број граѓани – стои во соопштението од државниот обвинител и портпарол на ОДТ во Никшиќ, Стево Шекариќ.
Пред полициската станица во Никшиќ синоќа се собрале голем број на граѓани кои им искажале поддршка на свешетните лица со пеење на црковни пени и скандирање „не го даваме владиката“…