Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на својот Фејсбук ја коментираше вчерашната изјава на скопскиот градоначелник, Петре Шилегов, „Чулев да престане да се однесува како евтин платеник на Мицкоски и на ДПМНЕ“.
-Во текот на вчерашниот ден ја прочитав изјавата на Шилегов во која го споменува моето име и да бидам искрени ниту сум изненаден, а ниту пак вознемирен. Денешната изјава е само одраз на вистинската личност на Петре Шилегов која во изминатиот период ја задскрива зад градоначалничка позиција глумејќи чесен и одговорен политичар.
За мене е премногу ниско да се впуштам во коментирање на неговите изјави, затоа што тие не се достојни, а ниту се ниво за мое коментирање. Истовремено тие се параван за задскривање на неговата неспособност и некомпетеност. Само на кратко ќе констатирам дека доколку мојот чесен е и одговорен пристап во работата и грижата за граѓаните и нивното здравје за Шилегов е „лудо“, тогаш слободно може да продолжи да ме нарекува така. Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“ и тогаш може да ме нарекува така. Граѓаните за мене се најважни и во таа насока ги информирам дека Министерството за внатрешни работи веднаш презеде активност и случајот за кој тој обвинува е расчистен во целост.
Јавноста треба да биде сигурна дека и понатаму ќе постапувам исклучиво во согласност со законите и во интерес на државата и колку и тоа да биде „лудо“ во очите на политичари од власта воопшто нема да ме поколебаат во оваа моја намера.