Шпанка на возраст од 113 години го победи коронавирусот

Марија Бранас (113), најстарата Каталонка која веќе 20 години живее во старски дом во Олот, источна Шпанија, оздраве од коронавирусот и стана најстарата личност на светот што го победи „Ковид-19“.

АБЦ пишува дека Марија имала среќа што преживеала затоа што за само еден ден во истиот старски дом починале 17 штитеници од последиците на коронавирусот, додавајќи дека новата животна победа ја довела на врвот на списокот на „супер сениори“ кои го победиле коронавирусот.

Бранас е родена на 4 март 1907 година и како дете се заразила со шпанскиот грип, една од најголемите пандемии што го пустошела светот од 1918 до 1920 година.

Во интервју за шпанските медиуми, старицата рече дека сè уште чувствува помали здравствени проблеми, но дека е добро откако во април беше откриено дека е позитивна за коронавирусот.

„Им благодарам на сите здравствени работници кои придонесоа за моето закрепнување. Тие работеа напорно“, рече Бранас.

Треба да знаете
Последни објави