Полицискиот службеник Кери Шмит останал без зборови и во шок кога кога на екранот добил фотографија на кој пишувало „308 км на час“. Прво помислил дека неговите колеги се шегуваат и дека со радарот за брзина го „снимаат“ авионот на блискиот аеродром.
Но, не, со таа брзина поминал Mercedes C63 AMG Coupe на автопатот каде што е дозволено 110 км на час. И да се влошат работите, се случи изненадување кога го запрел автомобилот.
Зад воланот бил 19-годишен млад човек, кој го „позајмил“ моќниот Mercedes од своите родители. И ова не било прв пат да ги крши правилата и да ги стави во опасност другите возачи. Му била одземена возачката дозвола, а тој е обвинет за улични трки и опасно возење. Автомобилот е запленет на најмалку седум дена…
308 km/h on the #QEW. Two 19 year kids going for a “drive” with dads car. Driver charged with #StreetRacing https://t.co/iDw5r7nEB9
— OPP Highway Safety Division (@OPP_HSD) May 10, 2020
Преземено од taratur.com